13.08.2022 Скопје
Со соопштение од владеачката партија на Северна Македонија соопштија дека во време на криза македонската економија останува активна за сериозни, големи странски инвестиции, кои отвараат нови работни места во нашата држава.
Во Република Северна Македонија ќе се произведуваат електрични возила, со што Владата веќе даде согласност на договорот за државна помош на компанијата, НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ, од Германија се вели во соопштението од владеачката партија. Фабриката ќе се изгради во технолошко индустриската развојна зона во Тетово и тоа ќе биде пола фабрика во нашата држава во која целосно ќе се произведуваат електрични автомобили. Ова значни отварање и на нови работни места и оваа мултимилионска инвестиција е доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, стои во соопштението од владеачката партија.
Подготвено од М.Н.