30.08.2022 Скопје
Екипите на ЕВН во текот на вчерашниот ден излегоа на терен во Арачиново и непречено започнаа со релизација на првата фаза на планот, информираат од Електродистрибуција.
Реконструкцијата, како што посочуваат, ќе трае со месеци па дури и повеќе од година. Целосната реализација на планот ќе значи снабдување без прекин и речиси без дефекти за шителите на Арачиново, потенцираат од ЕВН.
Министерот за економија претходно на прес-конференција, изјави дека со градоначалникот и раководството на ЕВН е најдено привремено решение за прашањето за снабдување за струја. Тој најави дека ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат соодветно во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според министерот, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Бектеши укажа дека крадењето на струја или незаконското приклучување во дистрибутивната мрежа е кривично деко кое се санкционира согласно законот.
Подготвено од М.Н.