27.08.2022 Скопје
Најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев, во петокот изјавил дека Москва нема да ја прекине својата воена кампања во Украина дури и ако Киев официјално се откаже од своите аспирации да се приклучи на НАТО алијансата. Поранешниот претседател Медведев, сега заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, исто така изјавил дека Русија е подготвена да преговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но само под одредени услови. Напуштањето на учеството во НАТО е од витално значење, но не е доволно за воспоставување на мир, пред инвазијата на Украина во февруари, Москва јасно стави до значење дека членството на Украина во НАТО е неприфатливо за Русија.
Од почетокот на инвазијата, Русија и Украина имаа неколку рунди на преговори, но за жал не постигнаа никаков договор ниту пак напредок за продолжување на дијалог.
Медведев изјавил дека неколку пати барале да имаат средба со Зеленски и разговорите зависат од тоа како ќе се одвиваат настаните.
Американското оружје кое е веќе доставено во Украина, како што се повеќецефните ракетни фрлачи ХИМАРС, се уште не претставуваат значителна закана, но тоа може да се промени, рече Медведев, ако оружјето кое што го испраќа САД може, а погоди цели на поголеми растојанија.
Подготвено од М.Н.