16.08.2022 Скопје
Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако се оди според планот на ЕСМ, соопшти денес Министерот за економија Крешник Бектеши. Спорет Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во регионалното трошење на струја треба сите да придонесат.
Претходно на прес-конференција во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и дека потребата за струја на ЕВН се задоволуваат исклучиво од домашно производство.
Ковачевски истакна и дека засега ЕСМ не набавува електрична енергија од други држави, само јаглен и мазут за да има поголем капацитет на сопствено производство.
Подготвено од М.Н.