17.08.2022 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оствари средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ, а ќе има средба и со косовскиот премиер Албин Курти.
Столтенберг кажа дека ќе ја набјудува целата ситуација на Косово, каде што беше напнато во претходните недели и доколку биде загрозена стабилноста, ке бидат спремни да интервенираат и да ја обезбедат стабилноста и безбедноста на сите лица кои што живеат на северот во Косово.
Генералниот секретар на НАТО, искрено се надева дека нема да треба да се интервенира и дека немирите и напнатоста ќе бидат разумно решени меѓу двете земји.
Подготвено од М.Н.