25.08.2022 Скопје
Половина милион македонци живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, а Ковачевски и Зачевиќ потценувачки се расфрлаат со пари, изјави потпаролот на опозицијата на прес-конференција, Наум Стоилковски. Стоилковски обвинува дека Ковачевски и власта се обидуваат со пари да ја надоместат поддршката од народот.
Расфрлање со крадени пари не ја гради иднината и довербата. Однесувањето на Ковачевски и Зачевиќ покажува целосно лицемерие и бегање од реалноста. Северна Македонија е во длабока криза, ние сме најсиромашна држава во регионот и Европа а власта нем,а решение и најавува нови поскапувања што ќе значи, нова подлабока сиромаштија. Наместо грижа за состојбата, власта покажува целосно понижување кон граѓаните, ова не и доликува на Северна Македонија, кажа Стоилковски на прес-конференцијата.
Потпаролот на опозициската партија, смета дека Ковачевски и Зачевиќ мора јавно да се извинат на македонскиот народ за понижувањето и лицемерието кое веќе стана секојдневие во нашата држава.
Подготвено од М.Н.