21.08.2022 Скопје
Државната изборна комисија доцна вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на советот на Општина Тетово.
Според резултатите, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 од изборниот список. Како што соопшти претседателот на ДИК Александар Даштевски, имало 55 неважечки ливчиња, а излезеноста била 47,46 проценти. Во Маврово-Ростуше, кандидатот од владеачката партија Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери кој е кандидат од опозициската партија освоил 1935 гласови. Излезеноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња. Во Советот на Општина Тетово, според првични резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, а најмалку, односно само два мандати има освоено владеачката партија на Северна Македонија со освоени 1.953 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезеноста била 35,31 отсто а имало 651 неважечко ливче. Рокот за сумирање и објавување на резултатите е до Вторник до 01 часот.
Подготвено од М.Н.