07.08.2022 Скопје
Детското одделение во Охридската болница и после десет месеци од затворањето нема решение за недостатокот од педијатри.
Жителите, туристите од земјава, како и туристите од странство во Охрид се револтирани што во ноќните часови, во викендите и празниците, болните деца на преглед или за хоспитализација се принудени да ги носат во Струга.
Надлежните во Охрид заедно со Министерството за здравство, после речиси цела година, се уште бараат решение.
На Детското одделение во Охридската болница има само двајца педијатри, а во моментов на испомош се испратени двајца специјализанти, но тие не смеат да дежураат, па работи само детската амбуланта во две смени од 8 до 20 часот.
Подготвено од А.Ѓ.