Photo by ROMAN ODINTSOV: https://www.pexels.com/photo/mosaic-image-of-virgin-mary-5667840/

28.08.2022 Скопје

Православните верници денес го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Со свечена литургија, молитва и свеќи за здравје и бериќет, православните христијани го обележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попозната кај народот како Голема Богородица.

По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена литургија и сеноќно бдеење.

Празникот народски познат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица била почитувана не само од христијаните, туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет. Богородица е единствената жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета, се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *