15.08.2022 Скопје
Тимот од Северна Македонија во Билатералната мултидисциплинирана комисија за историски и образовни прашања со Бугарија во денешниот ден ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје. Тема на брифингот, како што соопшти Министерството за Надворешни Работи, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Северна Македонија и за петти клас во Бугарија.
По завршувањето на брифингот, копретседателот на комисијата, Драги Ѓорѓиев ќе даде изјава за медиумите за донесените одлуки на Комисијата за историски прашања.
Подготвено од М.Н.