15.08.2022 Скопје
Борбата против сивата економија е дел од реформата во јавните финансии. Со системските измени ке се превземат низа мерки за формализирање на неформалниот сектор, напиша во својата нова колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Акцискиот план за сузбивање на сивата економија ги опфаќа двете страни на неформалниот сектор, односно понуда и побарувачка. Стимулации, превентивни мерки за премин кон формални производи и услуги, унапредување на ефикасноста на инспекциитеи надзор се механизмите за борба со неформалната економија. Бесими, исто така пишува дека иницијативите кои се очекува да имаат значаен придонес во сузбивањето на сивата економија е намалувањето на готовинското плаќање преку новите реформи во платниот систем и платежните услуги со либерализација на платноит промет и воведување на финтек решенија пред банкарскиот сектор од почетокот на 2023 година.
Бесими појасни дека доколку сакаме да имаме држава со подобра инфраструктура, квалитетно образование, подобра здравствена и социјална заштита, сите заедно мора да се потрудиме и да дадеме свој придонес за тоа. Преминот од неформален во формален сектор ке придонесе за воспоставување на предвидливо и стабилно деловно окружување, рамноправни услови за работа и здрава конкуренција, напиша во својата колумна, министерот за финансии Фатмир Бесими.
Подготвено од М.Н.