klinika za infektivni bolesti

10.08.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, во Инфективната клиника пристигна пациент од Кичево, кој е сомнителен на мајмунски сипаници. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па затоа тој со сопствено возило пристигнал во скопската клиника

Дали во државата го имаме првиот случај на мајмунски сипаници? Се уште нема официјална потврда, но сомнежот попладнево ја собра на состанок Комисијата за заразни болести.
Комисијата за заразни болести соопштија дека место за паника нема и дека лицето е лоцирано, а првичната епидемиолошка анкета е завршена. Тестовите се прават во Институтот за јавно здравје, а системот е подготвен,

Потпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ, изјави дека уште пред неколку месеци се дадени насоки за дефинирање на протоколите и скрининг тестирања. Воедно, додаде дека има тестови и тие се на располагање на Институтот за јавно здравје и ќе бидат користени при евентуална појава на сомнителни случаи.

Пациентот од Кичево пред две недели се вратил од Австрија, а по препорака на матичниот лекар отишол во болницата во Кичево. Пациентот имал симптоми на изнемоштеност и видливи траги на кожата. Откако бил прегледан, поради сомнежот дека се работи за мајмунски сипаници, му било кажано дека треба со возило на Итната помош со посебни здравствени протоколи да се јави на Инфективната клиника во Скопје, но не се појавил ни таму ни кај матичниот лекар.

Попладнево, од Центарот за јавно здравје во Битола контактирале со кичевчанецот и го утврдуваат неговото движење и контактите. Институтот за јавно здравје, на својата веб страна, истакна дека вообичаено симптомите на мајмунски сипаници се треска, главоболка, слабост во мускулите, недостаток од енергија и лимфни топчиња на кожата, а периодот на инкубација е од две до четири недели.
Во речиси сите земји од регионот се потврдени случаи на мајмунски сипаници, а во светот веќе се појавија и првите случаи кај деца. Од СЗО повикаа на внимателност поради зголемениот број заразени.

Преносот од човек на човек може да настане при близок контакт со респираторни секрети, оштетувања на кожата на заразено лице или неодамна контаминирани предмети. Преносот преку респираторни честички бара продолжен контакт лице в лице, што ги става здравствените работници, членовите на домаќинството и другите блиски контакти на активни случаи во поголем ризик.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author