https://www.flickr.com/photos/48136862@N08/4590965555/in/photolist-7ZFU7x-FSAthQ-WG81e2-2mJvgsL-HFJwwX-jAowNh-2hRL7Kw-eb7QQy-2mwKR6T-gsomUk-9zvRFH-gtx6FZ-grtUYf-QcFuA5-GevqoP-6xFGN1-gtwR7Z-gsnztS-2iTUWc3-dN9YKD-pYdXLG-2kLmtjW-6dPQ5M-2n64rjR-219KSrz-dMa37j-AmsFE1-23QB7av-2ngAAx4-2i97dBj-HywUvu-2jh4tEL-4r9Tiu-Qm2RZg-81KDkH-biSU84-grwqhy-5t6rs2-grvi3x-gr4J7T-92xD3G-dRkiUZ-8cGrX8-gr4db2-7wGWzT-gr2CZV-pSTRYZ-2mdm7sW-gqYDUA-PVMTCw

04.08.2022 Скопје

Од денес стартуваат јавните дебати на Финансии, УЈП и Царина за тоа дали и какви даночни реформи ќе има.

Министерството за финансии соопшти дека се дискутира за данокот на добивка, на личен доход, ДДВ-то, акцизата и еколошката даночна политика, а ќе се разговара и за прогресивниот данок. Сите измени кои ќе бидат направени кај даноците ќе се применуваат од први јануари следната година.

Министерството за финансии потенцираа дека реформата ќе има позитивно влијание врз неформалната економија, дека со тоа ќе се зголемат приходите во Бруто домашниот производ и ќе се дојде до поквалитетни услуги во здравството, јавниот сектор, образованието, подобра инфраструктура, зголемена конкурентност на домашната економија и забрзан економски раст.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author