https://www.flickr.com/photos/185376342@N03/49231613443/in/photolist-2i1qTtr-2mrDesK-z61MYF-z2TMNC-z5ckuM-2m3KCf9-hKykqN-4fSZK7-qMPTLm-5GDczh-5Gz7Hk-5GDczo-5Gz7Hi-5Gz7Hc-NxDkh7-5GDcyY-5Gz7Hg-5GDczd-2nyS8zD-5GDcz7-5GDcyS-qvjWU5-WFcCNS-auzB5c-FPZZV6-qMPWrb-X5fVkB-WFcRqL-FH7JdP-FP6aNi-FP6aPk-FPZZTc-FPZZSv-FP6aLV-XdsP3E-FH7J8i-FrYuV1-FP6aNZ-2k7f17e-6ox1Hk-FH7Jan-FP6aMr-FH7J9R-z4by5S-FH7J9a-7i77UQ-8FDHkS-FPZZU4-2mPFP6P-mEqsuR

15.08.2022 Скопје

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство денеска преку соопштение реагира во врска со непостапување на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи МЦСР на Град Скопје во конкретен случај каде по пријава од страна на жртвата и после четири месеци, до ден денес, не се превземени никакви мерки за заштита.

И покрај тоа што Република Северна Македонија ја ратификуваше Истамбулската конвенција и ги усогласи сите позитивни законски прописи, поточно донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, сепак неизбежни се делата за семејно насилство кои завршуваат со тешки телесни повреди и во крајна истанца со фемицид.

Надлежните институции кои се во прва линија за заштита на лицата кои се справуваат со насилство, се наведува, очигледно не се доволно стручни во примената на законските прописи со кои се штитат жртвите. Водителите на сличаи на семејно насилство во центрите за социјална работа често се менуваат, воспоставуваат различни практики, одлуките кои ги донесуваат не се разбирливи, и очигледно дека не им е доволно јасна нивната одговорност која ја имаат за жртвите. Се наведува случајот на семејно насилство по пријава од страна на жртвата уште пред четири месеци, случај кој до ден денешен не се превземени никакви мерки за заштита. Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство изразува голема загриженост за овој случаи и за сите други случаи кои талкаат низ лавиринтот на институциите, а жртвите се незаштитени и оставени потполно сами на себе. Во реакцијата на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бараат Министерството за труд и социјална политика редовно да ја следи работата и подобро да се запознае со непрофесионалното, неетничко и неажурно постапување на вработенит, и следствено да превземе мерки со кои ке се подобри работата и ке се заштитат жртвите на семејно и родово базирано насилство.

Подготвено од М.Н.

About Author