https://www.facebook.com/photo.php?fbid=584054159747846&set=pb.100044298015876.-2207520000..&type=3

22.08.2022 Скопје

Доколку одлуката за Цар Самуил се соопштеше во 2019 година, кога е и донесена, и доколку таква одлука се донесеше и за Гоце Делчев, немаше да дојде до Рамковниот став ниту до одложување за почеток на преговорите, изјавил бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

Тој за последните политички коментари во Македонија вели дека не само што нема да помогнат, туку дека ќе го спречат европскиот развој на земјата. Европратеникот верува дека и покрај острата реторика на некои македонски политичари, договорот, протоколите кон него, преговарачката рамка, објективизацијата на историјата и промените на наставните програми, многу бргу ќе станат факт. Ковачев истакнал дека неговите колеги од Скопје и претседателот Пендаровски ќе мора да разберат дека тоа не се само препораки кои не значат ништо, туку задолжителни услови поставени во преговарачката рамка, кои ќе мора реално да се исполнат за да можат да го продолжат процесот на приклучување кон ЕУ. Вистината не треба да повреди ни една страна, а ќе не направи посилни заедно во нашиот заеднички европски дом, изјавил бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

Подготвено од М.Н.

About Author