10.08.2022 Скопје
Економскиот аналитичар од Виенскиот институт предлага да не се оданочува реинвестираната добивка кај компаниите, затоа што тоа ќе ги погоди малите претпријатија кои и така се мачат да најдат пари за инвестирање, а наместо тоа, да се оданочуваат големите претпријатија.
Според економскиот аналитичар од Виенскиот институт, кој е и поранешен советник во Министерството за финансии, пари за пополнување на буџетската дупка мора да се бараат кај богатите, а не кај сиромашните граѓани и фирми и не кај светските кредитори. Воедно, тој смета дека на земјава одмана и треба даночна реформа, а кризата треба да биде само катализатор за нејзино спроведување и истакна дека на буџетот му недостигаат пари за ублажување на кризата, а тие можат да се обезбедат само преку зголемување на даноците, но не така како што предлага министерот за финансии, Бесими. Тој предложи да се оданочуваат само оние кои имаат депозити над 50 илјади евра.
Подготвено од А.Ѓ.