https://www.facebook.com/photo.php?fbid=592702778882540&set=pb.100044284693756.-2207520000..&type=3

01.08.2022 Скопје

Турска приватна телевизија истакна дека турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, разговарал со своите колеги од Србија и Косово, пред кои ја изразил подготвеноста да помогне во намалувањето на тензиите меѓу нив.

Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушоглу, имал одвоени телефонски разговори со шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ и косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала, во врска со тензиите на границата меѓу Србија и Косово. Воедно, тој им порачал дека Турција отсекогаш им придавала значење на мирот и стабилноста на Балканот и дека не е во ничиј интерес да создава нови тензии.

Чавушоглу додаде дека здравиот разум мора да надвладее.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author