https://www.flickr.com/photos/campinglasdunas/6641185635/in/photolist-b7RP7B-Tc9Ttj-ebpNEV-7WBvdA-5zCVKr-5iQUAP-5iQUf4-GKBJBp-RwPp6A-8jG4kF-5iVcso-kKiAf-kKiAg-5iVcPh-f2is4f-hRM5x-4bfYAZ-99SFbN-p46QVP-aC6B4f-4mx9a-99PwNc-iHvZQ-383e88-7TnzPK-dVCKM-4R5Lcd-mdeBFp-4VBi9c-6Vicby-2jcQqPT-2hPJYYt-tqzBR-4n11Ts-bct28v-9aCuKR-cKDAym-4R5Lc5-6awW39-pfKrgK-KexoWU-299ykBa-8GopG-nCfn2H-272Sdv8-9ssLQ5-6VhUTf-5WXofG-6HRHBM-e6bJ9

08.08.2022 Скопје

Државната статистика за само еден месец измери драматично зголемување на трошоците за живот и малопродажните цени.

Трошоците, во јули во однос на јуни, се зголемени за 1,9 проценти, додека пак цените на мало скокнале за 2,5 проценти. Споредено со јули 2021 година, порастот е неколкукратно поголем, односно трошоците за живот од минатиот месец се поголеми за 16 проценти од минатата година овој период, а малопродажните цени за 14 проценти. Кај основните пренхранбени производи, лебот, млекото и млечните производи, има најголем пораст.

Пораст на трошоците за живот има и во авиотранспортот за 36 проценти, туристичките аранжмани за 11 проценти, електричната енергија за околу 10 проценти, како и угостителските услуги за 3 проценти. Воедно, пораст на трошоците за живот забележани се и кај фризерските услуги, услугите за домаќинства, како и кај цврстите горива.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author