Photo by form PxHere

01.08.2022 Скопје

Поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа.

Мерките за ограничување на движењето, поради ширењето на Ковид-19, го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, која е најголемиот увозник на сурова нафта во светот. Додека пак, производната активност во Јапонија, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта падна за 1,42 долари, а на американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта и сојузниците, вклучувајќи ја и Русија, познати како ОПЕК+, ќе се состанат во среда за да одлучат за производството на групата во септември.

Подготвено од М.Н.

About Author