Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

05.08.2022 Скопје

Од почетокот на војната во Украина, цената на барел нафта падна на најниско ниво поради инвеститорскиот страв од рецесија, кинеската нула-ковид политика и зголемените резерви на САД.

На лондонската берза, во текот на претходниот ден, Брент нафтата затвори на цена од 94,12 долари, додека пак во текот на денот се спушти и до 93,60 долари за барел.

На американскиот пазар е регистриран пад, со што WTI нафтата се продава за под 89 долари барел. Откако во средата беше објавено дека резервите во САД се поголеми од очекуваното, затоа што потрошувачката паѓа поради високите цени на дериватите, цената на нафтата доживеа голем пад.

Кина, која е најголем увозник на нафта и деривати, придонесува за падот поради својата ковид политика на затворање на ризични области.

Причината за падот на цената, откако земјите од ОПЕК+ се согласија да произведуваат 100 000 барели нафта повеќе на дневно ниво во услови на намалена побарувачка, е стравот од економски пад во Европа и во САД кој може да донесе рецесија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author