11.08.2022 Скопје
Во анализите на повеќе меѓународни организации стои дека во земјите од Западен Балкан, проектите за изградба на нови хидроелектрични централи ќе биде се потешко да се реализираат поради климатските промени, противењето на јавноста и правните и финансиски предизвици. Проектите или нема да придонесат за енергетска безбедност или не да имаат доволно економски потенцијал.
Хидроцентралите, заедно со јагленот, со децении се столбот на производство на електрична енергија и играат голема улога во многу електроенергетски системи од Југоисточна Европа, со особено голем удел во некои земји од Западен Балкан.
Во многуте анализи се наведува дека хидроенергијата во Југоисточна Европа е ризична инвестиција, затоа што многу земји од Југоисточна Европа се во фаза кога новите хидроенергетски капацитети нема да придонесат за енергетска безбедност поради прекумерната зависност, а таков е случајот во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, или им остана мал економски потенцијал, како што е со Бугарија и Косово.
Иако некои земји во регионот тврдат дека имаат огромен неискористен потенцијал, авторите на анализите истакнуваат дека овие тврдења се засноваат на децениски процени од времето кога врнежите беа попредвидливи, кога луѓето не се спротивставуваа на експропријацијата и кога беше малку познато за неверојатниот биодиверзитет на регионот.
Стотици мали хидроцентрали со моќност од 10 мегавати се изградени низ целиот регион, додека обидите за изградба на „гринфилд“ хидроцентрали од над 10 мегавати во голема мера беа неуспешни, со исклучок на Албанија и во Словенија.
Во анализите се оценува дека реализацијата на хидроенергетските проекти ќе биде се потешка поради климатските промени, уникатната биолошка разновидност во регионот, правните предизвици, отпорот на јавноста и финансиските проблеми. Воедно, анализите ги истакнуваат високите ризици од изградба на девет хидроцентрали во регионот, вклучувајќи ги елекраните Скавица во Албанија, Бистрица, Бук Бијела, Дабар, Улог и Јањиќи во Босна и Херцеговина и Комарница во Црна Гора.
Подготвено од А.Ѓ.