https://twitter.com/jensstoltenberg/status/1559929264954380288/photo/1

18.08.2022 Скопје

НАТО ќе го зголеми бројот на војници во Косово доколку дојде до ескалација на тензиите со соседна Србија, изјави шефот на алијансата, Јенс Столтенберг, во пресрет на разговорите со лидерите на двете земји. Стојтенберг на прес-конференција изјави дека има значајна мисија а тоа е военото присуство на Косово, односно пратени се близу 4.000 војници, ова го изјави по остварената средба со србскиот претседател Александар Вучиќ. Доколку е потребно, ќе придвижиме сили, ќе ги распоредиме таму кај што има потреба и ќе го зголемиме присуството, иако веќе е зголемено на северот на Косово, изјави Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел.

Тензиите меѓу Србија и Косово се разгореа овој месец кога Приштина изјави дека ќе ги обврзе Србите кои живеат на северот, кои се поддржани од Белград и не ги признаваат косовските институции, да почнат да користат таблицки на своите возила кои ќе бидат издадени од Приштина.

Подготвено од М.Н.

About Author