19.08.2022 Скопје
Членовите од македонскиот дел од Комисијата посочуваат дека во утврдениот текст никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку дека тоа е обид на овие историчари да избегаат од фактот оти текстовите ги негираат националистичките територии востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот јазик е старо бугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители.
Според Османи, овие бугарски историчари намерно се обидуваат да ги поткопаат постигнатите решенија на Комисијата договорени уште ви 2019 година. Членовите на македонскиот тим на историчари нагласуваат и дека средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Во реакцијата од македонскиот тим на историчари се додава по објавените решенија во јавноста во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа, а оние малку приложени аргументи кои се нудат, всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата. Османи изјави дека Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам и ја поддржа пораката испратена од македонскиот тим од Историската комисија.
Подготвено од М.Н.