16.08.2022 Скопје
Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се наведува во ставот на бугарската национална платформа, во која членуваат бугарски професори, историчари и лингвисти. Оттука предлозите на историската комисија ги оценуваат како победа за бугарската историска наука. Бугарските историчари изјавија дека Цар Самоил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот крстител Борис-Михаил го шират својот збор низ целото бугарски кралство, велат и дека Преспа и Охрид се бугарски книжевни центри и сето ова треба да биде запишано во детските учебници во Северна Македонија и дека македонските историчари многу добро го знаеле ова.
Бугарските историчари сметаат дека кон победа придонела посетата во Јуни на Европскиот парламент во Стразбург на говорницата на Националната платформа „За Македонија„ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј„.
Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот, за личностите како браќата Миладиновци и Гоце Делчев, наведуваат во изјавата бугарските историчари.
Подготвено од М.Н.