https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.flickr.com%2Fphotos%2F112081086%40N07%2F14879640880%3Ffbclid%3DIwAR1rOK0VIsy1wqRsQKz47Wf-TvTxr8MrDJvwWrQ-LbXPaUku0MshLqM9FaQ&h=AT18c8XMhas6a2AHh95ftnYaSMaVhWk2JXbJw765T0Af8W6j8QhsOdDYdQ-dyfpzPv6iPz8Rp431v7iScKSoYmPd_GtfHJNAszPcObMSvqgeB2qN9zFaodZOTW9tZguR9Ygf

10.08.2022 Скопје

Постојаниот руски претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (ММАЕ) предупреди дека доколку дојде до сериозна хаварија во нуклеарната централа „Запорожје“, земјите што ќе бидат директно загрозени од радијација се Бугарија, Романија, Турција и Абхазија (во Грузија).

Во случај на сериозна хаварија на централата, зоната на радијација би зафатила површина со радиус од пет илјади километри, што значи дека ќе бидат загрозени Донбас, голем дел на Украина, делови на Русија, но истовремено и Абхазија, Романија, Бугарија и Турција.

Се очекува генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, да достави извештај за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје“ до Советот за безбедност на ОН.

Првиот заменик-постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, потврди дека Советот за безбедност, утре, ќе одржи состанок по прашањето.

За гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат.

Русија и Меѓународната агенција за атомска енергија, на 3 Јуни, постигнаа договор за рутата и распоредот за работа на група меѓународни инспектори во нуклеарната централа „Запорожје“ под раководство на Гроси.

Околу нуклеарната централа, руските сили почнаа да инсталираат системи за противвоздушна одбрана.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author