02.08.2022 Скопје
Министерството за надворешни работи на Бугарија и го честита државниот празник на Македонија – 2 Август, преку порака испратена на социјалните мрежи.
Во пораката, бугарското МНР изразува уверување за развој на добрососедските односи и упати искрени честитки до Република Северна Македонија и до македонските граѓани.
На честитката од официјалната Софија, македонското МНР се заблагодари за искрените честитки и истакна дека во изминатиот период се постигнати многу работи, создавајќи цврста платформа за натамошен развој.
Пред пет години, Македонија и Бугарија заеднички го чествуваа Илинден, а одбележувањето следеше по потпишувањето на Договорот за добрососедство.
Подготвено од А.Ѓ.