20.08.2022 Скопје
Бугарија обезбедува финансиска подршка од 800.000 лева за бугарските заедници во странство. Дополнителните трошоци се веќе вклучени во буџетот на МНР за оваа година, објави тамошното министерство. Со издвоените 800 илјади лева од буџетот на бугарското министерство за надворешни работи за оваа година, ќе се поддржат проекти на бугарски организации во Албанија, Србија, Косово, Украина, Молдавија, како и граѓани на република Северна Македонија со бугарска самосвест, информираат од бугарското МНР. Средствата како што се посочува, се за спроведување на четиригодишна проектна програма за поддршка на организациите на бугарските заедници во шесте земји.
Организациите во странство, кои сакаат да ги користат овие финансии, треба да аплицираат со своите проекти, овие проекти се испраќаат во Софија преку нашите дипломатски представништва, постои специјално создадена комисија која што ќе ги разгледа темелно, а ќе има најмалку 20 критериуми на кои треба да се одговори, соопштуваат од бугарското МНР. По одобрувањето дел од парите се префрлаат за да може самиот проект да започне, и по завршувањето на проектот комисијата повторно детално ќе го разгледува, и откако ќе се одобри проектот, ќе се изврши и исплата на остатокот на парите, објаснија од бугарското МНР.
Подготвено од м.н.