17.08.2022 Скопје
Министерот за финансии Фатмир Бесими, изјави дека Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата која што не очекува. Подготвени сме навреме да одговориме на секој предизвик и оваа криза е сериозна и не се знае до кога ке трае со оглед на она што се случува во Украина, кажа Бесими.
Министерот вели дека подготвуваат таргетирани антикризни мерки, не сакајки на прецизира кога би почнала нивната имплементација, но смета дека најважни се последниот квартал од годинава и првиот квартал од следната година.
Бесими кажа дека се превземаат сите неопходни чекори, не само од аспект на мерки, туку и од аспект на заштеда на енергија. Додава дека зимата ќе биде тешка и дека е важно да се обезбедат доволно количини на електрична енергија и храна за да може да се преброди овој тежок период сто не очекува, и од следната година да имаме стабилна основа за раст.
Подготвено од М.Н.