https://www.flickr.com/photos/152320021@N04/37651310471

07.08.2022 Скопје

Хрватска, пред само два дена, во Книн го одбележа Денот на победата и татковинската благодарност, како и Денот на хрватските бранители, во спомен на годишнината од воено-полициската операција „Бура“, со која се ослободени подрачја во северна Далмација, Лика, Бановина и Кордун.

Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, ги осуди случувањата при хрватското одбележување на Денот на победата и татковинската благодарност. Брнабиќ изјави дека е срамно тоа што било кажано дека Србите сами себе се протерале од Хрватска и дека Белград е виновен за тоа, како и дека е срамно што го виделе усташкиот поздрав „За дом спремни“, а и усташките симболи и знаме и тоа според Брнабиќ, се пораки до Србите протерани од таму дека за нив нема враќање.

Српската премиерка додаде и дека од Европската Унија се слуша заглушувачка тишина и дека Брисел не се осврнува на нацистичките поздрави во една своја членка.

Во врска со ситуацијата на Косово, Брнабиќ истакна дека очекува формирање на српски општини, каква што беше договорена во Брисел, а тоа го чекаат веќе цели 10 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author