https://www.facebook.com/photo.php?fbid=615385586841258&set=pb.100051094670379.-2207520000..&type=3

27.08.2022 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја предложи Ана Брнабиќ за мандатар на новата Влада. Вучиќ изјавил дека одлуката ја има донесено по консултација, дека е комплицирано и сложено, и кажал дека сите тројца кандидати за вицепремиер ќе бидат искличително важни членови на новата влада. Брнабиќ нема да биде премиер четири години, туку до 2024 година, кажа Вучиќ. Претседателот на Србија изјавил дека има потполна доверба во Ана, таа е способна да направи работи од кои луѓето бегаат, односно сите други ги избегнуваат. Горд сум што имам таков соработник, и затоа предлагам способна, вредна и пред се лојална личност на Србија за најважната функција на земјата, кажал Вучиќ.

Ќе има и потпретседател на Владата на Србија, многу важна функција ќе има и Милош Вучевиќ но и Ивица Дачиќ, кој покрај министерската функција ќе биде и координатор на Националната служба за безбедност, изјавил Вучиќ.

Ќе има многу промени во Владата на Србија но важно е да има добра Влада, да има добар состав на луѓе кои можат да внесат нова крв, да загризат и да се обидат да ја преживеат тешката есен и зима, изјавил претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author