https://www.facebook.com/DonaldTrump/photos/pb.100044274887410.-2207520000../10165662441080725/?type=3

31.08.2022 Скопје

„Гугл“ нема да ја дистрибутира социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп преку својата продавница „Плеј“, додека содржината која повикува на насилство не се отстрани од мрежата.

Забраната значи дека корисниците на Андроид кои сочинуваат повеќе од 40 отсто од сите корисници на паметни телефони во САД, нема да можат да ја превземат апликацијата, бидејќи мрежата содржи насилна содржина.

Социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја признала одлуката на „Гугл“ и изјавија дека работат на решавање на проблемот и дека тие континуирано работат на усогласување на апликацијата со правилата на „Гугл“ и дека промените нема да го загрозат ветувањето на апликацијата дека ќе биде засолниште за слободен говор.

Подготвено од М.Н.

About Author