https://www.flickr.com/photos/presidenciaecuador/51608408350/in/photolist-2mCszMY-2cgXodQ-2nkUt9z-2niRbrv-2kueVT7-2mCuJse-thvhiH-2mCkWhM-2mCriUF-2mCuFy3-2mCuGfP-2mCqd2P-2mCtxU1-2mCro3F-2cgXohs-2nkF98x-2nrS3T7-2kGtPoy-2kGtQew-2kGqfVa-2mPUNth-2nmQPMd-skrnUJ-2n2okQC-2mxrxmp-2nafWg7-2nnRqwy-2nnSMa6-2nnQduM-2kGurXm-2nnQm6f-2nnJXjs-2kGqfsm-2kWLnPf-2kGur23-2kGqfxw-2kGqgrq-2n2SDUb-2n2XzFL-2kGurCy-2kGqgk3-2kGtQLP-2kGqgBa-2n4z8AH-K7jnJS-2kGusdr-2kGqgFd-2kGtQQG-2kNqQAL-Rf7J9j

04.08.2022 Скопје

Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, во разговорот со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, потенцирал дека е важна заедничката работа за да се осигура повеќе бродови со жито да ја напуштат Украина.

Од Стејт департментот соопштија дека Блинкен ги пофалил дипломатските напори на Турција, кои овозможија првата пратка со украинско жито да го премине Црното Море од почетокот на руската инвазија на Украина.

Блинкен и Чавушоглу разговарале и за конфликтот во Нагорно Карабах, со што изразил подготвеност САД да се ангажираат билатерално, како и за начините за подобрување на координацијата и единството во НАТО алијансата, во врска со заканата од натамошна ескалација од страна на Русија и војната во Украина. Блинкен потенцирал дека е важно Москва да биде одговорна за акциите што ги презела.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author