23.08.2022 Скопје
При контрола на граничниот премин Табановце, двајца возачи на автобуси биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
При контрола на автобус со скопски регистерски таблички, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски таблички, управуван од Б.С.(37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници, без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт, изречени се соодветни санкции за возачите и за возилата, стои во соопштението од МВР.
Подготвено од М.Н.