https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Alexander_Lukashenko_and_Vladimir_Putin_%282020-09-14%29_1.png

09.08.2022 Скопје

Денес, Белорусија започна заедничка воена вежба со Русија.

Како што известуваат од Министерството за одбрана на Белорусија, воената вежба вклучува употреба на боева муниција и ќе биде реализирана во две фази. Првата фаза ќе се одвива во Белорусија, додека пак втората фаза ќе се одвива во руската воена база Ашулук, близу границата со Казахстан.

Вежбите во руската воена база ќе се одвиваат од 22 до 25 Август.

Белорусија е единствената земја која го поддржува нападот на Путин врз Украина уште од првиот ден.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author