https://www.facebook.com/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%BF-%D0%9A%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-304197123073699/photos/a.304214033072008/304214039738674

06.08.2022 Скопје

По несогласувањата на камперите со концесионерот Трпеновски ДОО за поскапувањето на цената на закупнината, автокампот Крани на брегот од Преспанското Езеро, годинава, остана празен.
По расправиите, камперите формираа Здружение, преку кое дојдоа до документи од надлежните институции со кои тврдат дека автокампот Крани, сопственост на Агроплод од Ресен, не е регистриран и со години работи нелегално.

За камперите е спорен договорот меѓу Агроплод и Трпеновски ДОО, склучен во 2014 година. Воедно, камперите се жалат на лошите услови и ги повикуваат надлежните институции и инспекции да постапат и да спроведат контрола во автокампот Крани, кое според нив иако со години плаќале за кампување, местото е опсано и небезбедно за сите кампери.

Додека пак, од Агроплод тврдат дека автокампот Крани ги исполнува законските услови за работа, а има и согласност за основање од надлежните органи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author