https://www.facebook.com/photo/?fbid=382954707348396&set=pb.100069016095883.-2207520000..

30.08.2022 Скопје

Полициски службеници од граничниот премин Табановце на 27 и 28 Август годинава констатирале непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. Како што информираат од МВР, при контрола на автобус со кумановски регистерски таблици, управуван од Р.А. (52) од Куманово, автобус со тетовски регистерски таблици, управуван од Б.К. (43) од Тетово и автобус со скопски регистарски таблици, управуван од В.Т. (67) од Скопје, било константирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветни документи.

Од МВР соопштија дека од страна на Државниот инспекторат за транспорт, изречени се соодветни санкции за возачите и за правните лица.

Подготвено од М.Н.

About Author