29.08.2022 Скопје
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го поддржува ограничувањето на цената на електричната енергија низ целата Европска Унија, објави неговиот кабинет во соопштение. Конечно нешто мора да се случи. Овој пазар нема едноставно да се регулира во неговата сегашна форма. Ги повикувам сите 27 членки на ЕУ заеднички итно да ја запрат оваа ценовна експлозија, конечно мора да го запреме лудилото што се случува на енергетските пазари, соопшти Нехамер.
Австрија е мошне зависна од рускиот гас, особено во индустријата и во греењето, а пред војната во Украина околу 80 отсто од вкупното снабдување со гас беше од Русија.
Во соопштението од канцеларијата на Нехамер се вели дека ќе се залага за одржлив модел кој што ќе може брзо да се имплементира. Се додава дека за ова разговарал со своите чешки и германски колеги.
Подготвено од М.Н.