https://www.facebook.com/photo/?fbid=428310812661506&set=pb.100064477728425.-2207520000..

14.08.2022 Скопје

Под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ во среда на 17 Август, Армијата на Република Северна Македонија ќе го обележи 30 годишниот јубилеј од своето постоење.

Со почеток во 18.30 часот на Воениот стадион ке се одржи манифестација по повод јубилејот. На настанот кој ќе биде целовечерен, посетителите ке имаат можност да се запознаат одблизу со дел од најновата воена опрема и со новите оклопни возила на Армијата, ке биде изведена и показна вежба со армиските кучиња. По презентацијата на воената опрема, ќе биде организиран и богат музички дел во кој ќе настапи Воениот оркестар и многу други изведувачи од нашата држава. Од Министерството за одбрана по повод јубилејот во соопштение до јавноста ги повика сите граѓани да присуствуваат на овој уникатен настан, и сите заедно да го прослават денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј од постоењето на Армијата.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *