https://www.facebook.com/komunaeharacines/photos/185606680607540

29.08.2022 Скопје

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска гостуваше на една национална телевизија во Северна Македонија, ги коментираше бројните реакции во јавноста по одлуката на Владата да издвои буџет од 66 милиони денари за да се реши проблемот со канализација во Арачиново. Ќе треба уште време за вистинска зрелост во Северна Македонија за да не правиме разлика по етничка припадност и по општина од каде доаѓаме, затоа и има вакви реакции.

Бектеши изјави дека и покрај реакциите ќе продолжат да ги поддржуваат дискриминираните општини во Северна Македонија.

Зборуваме за еднаков регионален развој, еднакво локален развој, како што урбаните општини имаат услови, ако тврдиме дека вистински се приклучуваме на ЕУ, мора да им понудиме исти услови и на руралните општини, изјавил министерот Бектеши.

Подготвено од М.Н.

About Author