https://www.flickr.com/photos/yabtdc/52144862364/in/photolist-2nrS3T7-2kGtPoy-2kGtQew-2kGqfVa-2mPUNth-2nmQPMd-skrnUJ-2n2okQC-2mxrxmp-2nafWg7-2nnRqwy-2nnSMa6-2nnQduM-2nnQm6f-2kGurXm-2nnJXjs-2kGqfsm-2kWLnPf-2kGur23-2kGqfxw-2kGqgrq-2kGurCy-2n2SDUb-2n2XzFL-2kGqgk3-2kGtQJz-2kGtQLP-2kGqgBa-2n4z8AH-K7jnJS-2kGusdr-2kGqgFd-2kGtQQG-Rf7J9j-2myEfX4-2mhvjP1-2n4qGER-2n4et5x-2n4p9xb-2n4oMXZ-2n6YwmC-2n7LKn4-2n7DYtm-2n7DX7d-2myK3AE-2myFv5x-2n7Kpsq-2n7Kpup-2n7JX6L-2mQ5rgE

06.08.2022 Скопје

Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, истакна дека дејствијата на Кина во Тајван покажуваат промена во однесувањето, давање приоритет на мирното решение на разликите кон употреба на сила, со што ја обвини Кина за „неодговорните чекори“ со прекинот на клучните комуникациски канали со Вашингтон.

Обвинувањето на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, доаѓа откако кинески авиони и воени бродови вежбаа напад врз Тајван, што е еден од серијата чекори што Пекинг ги презеде по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на Тајван.

Блинкен, додаде и дека суспендирањето на соработката за климата не ги казнува само САД, туку го казнува светот, особено светот во развој и дека не треба да ја држат соработката за прашања од глобално значење во заложништво поради разликите меѓу двете земји. Воедно, и истакна дека Вашингтон ќе остане непоколеблив во справувањето со ситуацијата.

На регионалниот состанок во Камбоџа, Блинкен му пренел на кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, дека САД се решени да ги задржат каналите за комуникација за да спречат погрешни пресметки, како што очекуваат земјите ширум светот да направат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author