https://www.facebook.com/photo?fbid=608918780597869&set=a.476427903846958

06.08.2022 Скопје

САД, на 6 август 1945 година, ја фрли првата атомска бомба во светот врз Хирошима, уништувајќи го градот и убивајќи 140 000 луѓе.

Денес, во Хирошима се одбележува 77 години од американскиот нуклеарен напад врз градот. На церемонијата која се одржа во Паркот на мирот, беа испратени предупредувачки пораки за повторното трупање нуклеарно оружје и изразен страв од уште еден таков напад во екот на војната во Украина.

https://www.facebook.com/unitednations/photos/pcb.10160612860505820/10160612857840820

Антонио Гутереш, генералниот секретар на ОН, присуствуаше на церемонијата во Хирошима и истакна дека по три четвртини век мора да се запрашаме што сме научиле од денот кога нуклеарниот облак надвисна над овој град, во 1945 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author