10.08.2022 Скопје
Фирмите кои земаа парична помош од државата за време на пандемијата Ковид-19, се уште не ја вратиле, со што во Буџетот недостигаат 23 милиони евра.
Во најновиот извештај, Државниот завод за ревизија констатира дека работодавачите и физичките лица вратиле само дел од парите, кои му беа на располагање на стопанството.
Од Државниот завод за статистика известуваат дека според анализата на ревизијата, работодавачите и физичките лица корисници на мерките за субвенционирање на придонеси и исплата на плати вратиле само 29 отсто од пресметаната обврска за враќање, што има за ефект помалку вратени средства во Буџетот во износ од 988 307 илјади денари. Воедно, додадоа дека поради тоа што не е предвиден начин на контрола и враќање на доделените средства за еднократна финансиска поддршка на физички и правни лица од одделни дејности постои ризик правните субјекти, кои не ги исполниле условите, да не ги вратат средствата во Буџетот во износ од 448 698 илјади денари, со што наведените состојби предизвикуваат намалени буџетски приходи во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари.
Управата за јавни приходи, според Државниот завод за ревизија, открило дека има работодавачи кои ја искористиле владината помош, но не им исплатиле плата на вработените.
Подготвено од А.Ѓ.