https://www.facebook.com/photo?fbid=439255704899319&set=pcb.439255764899313

10.08.2022 Скопје

Денес, на три локации во Општина Ѓорче Петров беше одбележана 21 година од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила. На централната манифестација, што се одржа кај Споменикот на бранителите во Волково, бројни делегации, членови на семејствата, претставници на политички партии и на здруженија оддадоа почит.

Положено беше цвеќе и на спомен-чешмата на Томислав Настевски-Бумбар и на Споменикот на бранителите во реонскиот парк.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, положи венец на спомен обележјето кај Љуботенски Бачила, а во чест на загинатите и како дел од низата одбележувања на овој настан, министерката Петровска како предводник на владината делегација, положи венец и пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната „Илинден“ во Скопје.

Масакрот кај Љуботенски Бачила се случил на 10 август 2001 година во 8:00 часот наутро, откако воениот камион на АРМ нагазил на две противтенковски мини кај месноста Љуботенски Бачила, при што загинале осум припадници на резервниот состав на АРМ. Покрај осуммина убиени имало и осуммина повредени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author