https://www.facebook.com/photo/?fbid=389978043167355&set=a.302496501915510

27.08.2022 Скопје

Американското Министерство за правда вчера, под заклетва, објави редактирани верзии на правниот документ врз основа на кој ФБИ изврши претрес во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Документот за кој станува збор содржи 38 страници, од кои една третина се речиси затемнети, со цел да се зачува интегритетот на самата истрага, но и да се заштитат одредени сведоци и учесници во истрагата.

Се наведува дека дури 14 од 15 кутии и вкупно 184 доверливи документи, пронајдени кај Трамп, биле означени како строго доверливи документи, а пронајдени се и други посебни информации кои биле напишани од самиот поранешен претседател.

Според судскиот документ, доверливите документи кои ги чувал Трамп на неговиот имот се најверојатно едни од најстрого доверливи и чувани тајни на американската агенција за национална безбедност.

Агентите пронајдоа и записи кои може да содржат пресретанти, странски комуникации, сигнали и разузнавачки информации кои не се наменети за објавување на странски влади или државјани, како и записи кои не се наменети да се споделат без овластување од оригиналниот сопственик. Трамп реагираше за објавувањето на документите на неговата мрежа, напиша дека ова е тотална измама спрема јавноста од страна на ФБИ и Министерството за правда, и го обвини судијата дека има личен непријателски став кон него.

Трамп тврди дека секогаш имал добра и коректна соработка со ФБИ, и ова сега е напад врз него бидејќи анкетите показувале дека има огромна поддршка од народот. Трамп напиша дека ова е голем срам за целата земја.

Подготвено од М.Н.

About Author