
11.08.2022 Скопје
Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) покажа дека во ковид пандемијата, заклучно со јануари 2021 година, 17 илјади луѓе останале без работа, а врачени се 1 202 откази и 1 770 места се затворени. Извештајот покажува дека државата не само што загубила 23 милиони евра, туку и нема точни информации кој колку вратил од парите кои биле наменети за помош.
Според Државниот завод за ревизија, причините за неефикасноста на државната помош е во отсуството на добро планирање и отсуство на теренска контрола.
Договорите за определено вработување не им биле продолжени на 7 000 работници, додека пак над 6 000 работници сами дале отказ. Минималната плата за 435 вработени не била исплатена од страна на 100 работодавачи, иако ја добиле државната помош од околу 6 400 денари за тоа.
Подготвено од А.Ѓ.