05.07.2022 Скопје
Заклучени врати и посебни засилени заштитни мерки се превземаат во Владата за време на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Новинарите пред почетокот на прес-конференцијата биле дополнително прегледувани, надвор од вообичаените процедури.
Новинарските репортери изјавија дека не било дозволено да се внесува дури ни шише вода и откако новинарите влегле во Владата, вратите биле заклучени.
Во пресрет на големиот протестен марш, кој ќе се одржи вечерва, помала група на граѓани протестираат пред Владата и додека трае прес-конференцијата на Ковачевски и Мишел.
Подготвено од М.Н.