20.07.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путинм изјавил дека Западот шпекулира на тема за еколошки проблеми, ги плашат граѓаните со нови мерки, а за се ја обвинуваат Русија.
Путин истакна дека граѓаните во некои западни земји се соочуваат со енергетски проблеми, додека еден од проблемите се шпекулациите за екологијата. Рускиот претседател по тоа прашање смета дека Западот шпекулира, со што ги плаши луѓето со еколошки проблеми, а потоа носат неразумни одлуки, секако дека треба да се занимаваме со екологијата и Русија има соодветна програма за тоа.
Путин изјави и дека му покажале слика, која се шири низ Европа, на сликата имало човек и од него пишувало „Сакате да го налутите Путин, измијте ги само овие четири дела од телото“. По што Путин изјавил дека не сфаќа што значи тоа, заштеда на вода, струја, со што направиле грешка и сега не знаат што да прават и бараат виновници, а тоа секогаш е Русија.
Подготвено од М.Н.