23.07.2022 Скопје
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека има разлика од она што го чувствуваат Македонците за Русија и она што го прават нивните политичари.
Во интервју за годишнината на смртта на отец Методиј, македонскиот монах во познатиот руски Валански манастир, Лавров изјави дека Македонија е принудена од Брисел, Европската Унија и НАТО да постапува непријателски кон Русија и тие се во обид да направат „инструмент“ во анти-руската игра, исто се обиделе да направат и со Украина и со голем број други источноевропски земји.
Лавров изјави дека државата стана Северна Македонија, ја вовлекоа во НАТО и почнаа да потпалуваат чувство на русофобија, на агресивна политика кон Руската Федерација, за да влезе во Европската Унија. Исто така, додаде и дека Македонија се придружи и на западните санкции кон Москва со ставање на државата на листата на непријателски земји, но сепак има разлика меѓу Македонците и нивните чувства кон Русија, а политичарите се принудени да го прават тоа од страна на Брисел.
Русија е остар противник на евроинтеграциите на земјата, а Лавров ја продолжи праксата и со интервјуто во кое се осврна позитивно за решавање на црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.
Поради конечната одлука на СПЦ, сега се овозможува повторно воспоставување на евхаристичкото единство со Руската православна црква, за што Москва покажа голем интерес.
Подготвено од М.Н.