18.07.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека невозможно е да се отсече Русија од остатокот на светот и санкциите што западните земји ги воведоа на Русија, нема да го вратат времето назад кога станува збор за Русија.
Претседателот Путин, обраќајки им се на владините претставници преку видео-конференција, истакна дека е јасно дека ова е голем предизвик за неговата земја, но нема да се откажат и да дозволат да се случи општ распад, како што им предвидуваат некои „добронамерници“.
Санкциите и оневозможија пристап на Русија до различни стоки, вклучувајќи и електроника, но Путин кажа дека Русија ќе развие сопствена домашна технологија, како и технолошки компании.
Претседателот Владимир Путин рече и дека нема да дозволат да се вратат неколку децении наназад и Русија нема да се отсече од остатокот на светот.
Подготвено од М.Н.