19.07.2022 Скопје
Во Собранието на Република Северна Македонија е закажана 79 тата пленарна седница на чиј дневен ред ќе бидат 40 точки.
Пратениците ќе треба да водат расправа за измените на Законот за детективска дејност, Законот за гранична контрола, Законот за оружје, како и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за служба во Армијата, како и завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
На седницата се и предлог Кодексот за престанување на важење на Кодексот за етничко однесување на пратениците во Собранието, предлог измените на Законот за просветна инспекција, измени на Законот за семејство, како и повеќе годишни извештаи на институции во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.